ТЕРА

REKLAMA???

23 СТЕПЕНИ ИЗМЕРЕНИ ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА

Денеска беа измерени максимални температури од 10 степени на Попова Шапка, 12 во Лазарополе, 14 Маврови Анови, Крушево, 18 Скопје-Петровец, 19 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Претор, 20 Крива Паланка, Берово, 21 Прилеп, 22 Демир Капија, Виница, 23 Штип, Битола, 24 Струмица, Гевгелија.

Денеска имавме умерено облачно и релативно топло со сончеви периоди. Попладнево облачноста се зголеми и локално во северозападните делови почнуваат слаби врнежи од дожд. Дува умерен, на места засилен ветер од јужен правец. Во Штип брзината на ветерот достигнува над 45 км/ч.

До крајот на денот претежно облачно, во вечерните, а особено во ноќните часови со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, што ќе се задржи и во текот на ноќта.

Утре под влијание на циклонска активност времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 25 л/м2 за 24 часа).

Локално ќе биде нестабилно со поинтензивен пороен дожд и грмежи (над 30 л/м2 за 12 часа), особено во југоисточните и источните делови од земјава. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.