Во текот на вчерашниот ден (14.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 30 возачи.
Од нив 25 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 5 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Од СВР Битола велат дела засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат дограѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Фото: Архива












