ТЕРА

REKLAMA???

35 ГОДИНИ ХОТЕЛ РЕСТОРАН „ШУМСКИ ФЕНЕРИ“

Едно од најпрепознатливите места во Битола, хотел ресторанот „Шумски фенери“ е основан пред точно 35 години во 1988.

Семеен бизнис кој успешно ја негува семејната традиција и атмосфера. И токму ова е она што го прави „Шумски фенери“ посебен.

Една идеја од соптсвеникот Панде Мушуланов, пред 35 години денес прерасна во симбол на Битола.

Јубилејот го одбележаа со нивните најблиски.

Во текот на годините имаше и моменти кои беа вистински предизвик да се надминат.

Магичната бајка во Хотел „Шумски фенери“ започна и оваа година. Место кое стана препознатливо по создавањето новогодишни чуда за кои посетителите чекаат ред за да ги овековечат со своите мобилни телефони, предновогодишните моменти со своите најблиски, моменти на среќа, љубов, насмевки, позитивни чувства.

Вистинско новогодишно царство повторно беше создадено во дворот и објектот на најпривлечниот хотел и ресторан „Шумски фенери“ во потпелистерското село Трново. Љубезноста и пречекот од сопствениците го зачинува целиот овој амбиент кој од година во година е се покреативен и поразличен од другите.

Новогодишната бајка е создадена со преубавава накитена елка, со многубројни лампиони, сијалички, светкави ленти, дедо мразовци, различни украси изработени од вештите раце на сопствениците, подароци и многу повеќе.

Оваа забава сите ја прераскажувааат цела година и со нетрпение се очекува наредната.

Веќе петта година по ред Божиќниот базар се одржува во украсениот двор на хотелот „Шумски фенери“ и создава атмосфера како од бајка со најубавата празнична музика, вкусни колбаси, арома на варено вино и планинско топло чајче како и слатки колачиња за дечињата.

Во хотел ресторанот „Шмски фенери“, ќе ги вкусите традиционалните македонски јадења, специјалитети. Овде сопствениците се грижат секој од нивните гости да се чувствува како дома.

„Шумски фенери“ создава прекрасни мигови за битолчани, скопјани, гости од сите краишта на државата, млади и возрасни, мигови со своите сакани и блиски полни со среќа, љубов, насмевки, позитивни чувства и сè што е убаво во животот, мигви кои уште долго се паметат, а сето тоа надополнето со професионалноста и љубезноста на домаќините.

Сместен во с. Трново, на само 4 км од Битола и 25 км од грчката граница, во подножјето на Баба планина и во близина на националниот парк Пелистер, „Шумски фенери“ е одличен за релаксиран одмор во природа.