ТЕРА

REKLAMA???

45 ГОДИНИ ГРУПА ГРОМ ПРОФЕСИОНАЛНО

Македонската , а Битолска музичка група „ГРОМ“ вечерва одржува концерт. Не е обичен, одбележуваат 45 години од своето професионално постоење. Концертот ќе се одржи воХераклеја, започнува од 21 часот, и, како посебен гостин го имаат Ален Славица, познатиот хрватски пејач. Денеска се одржа најавната прес конференција, а поддршка за вчерашниот концерт добија и директно од градоначалникот Тони Коњановски.

Иако од време на време фановите им се обраќаа со стих од нивната популарна песна „каде си ти“, тие се тука, музички постојат и музички професионално функционираат цели 45 години. Групата „Гром“ вечерва од 21.00 асот одржува концерт во Хераклеа.

„45 години група Гром пресметуваме од нашите први професионални денови од 1980 година па наваму “ – рече Раде Стаматов, информирајќи дека одлуката била концертот да се одржи денеска.

Голема е честа и задоволството повторно да се биде во Битола. – рече Ален Слвица, балкански познатиот пејач од хрватско потекло кој е посебниот и почесниот гостин на ова јубилејно издание на „Гром“.  Се заблагодари на Раде Стаматов потсети дека се познаваат долго години  од кога Раде ја напиша песната со која тој настапи на Макфест. „тогашниот фестивал во Штип што го пренесуваше и цела ЕксЈу, песната се заврти, се издаваа касети и плочи , ме врзуваат убави спомени со Македонија.“

Ален Славица е пејач кој беше  многу популарен во Македонија, на почетокот од врвот на својата кариера одржуваше концерти и турнеи по сите градови, забележани беа неговите настапи на Макфест. Во последните петнаесеттина години намалено е неговото присуство овде, но сепак одржакл концерти во Универзалната сала во Скопје, направил еден дочек на Нова година, одржал и концерт во Струмица и Неготино.

„Посебна чест и задоволство ми е да настапам со овој бенд „гром“ кој се додржа сите овие години, бенд кој и натаму свири денеска пробавме, тоа се извонредни, вонсериски музичари и на секој пејач од светот и на секој пејач од Хрватска, барем ние кои долго се занимаваме со музицирање е големо уживање. Има посебен вкус да се настапува со врвни музичари како што е групата „ГРОМ“. Честа е уште поголема што тој концерт се одржува во прекрасното здание историски важната Хераклеја.“ – рече на прес Ален Славица.

 

ГРОМ музички грми од 70те години на минатиот век. Од летните свирки во гитаријадите на поранешна Југославија, преку летните диска на преспанското и охридското крајбрежје, ѕугословенските гитаријади, до фестивалските издание на Макфест како самостојни автори или топтан луѓе кои стојат зад акустичниот дел на различните композиции, групата го има своето место во историјата на една генерација на која припаѓа и градоначалникот Тони Коњановски.

„ Чест и задоволство е што сме заедно денес. 45 години постоење на оваа наша – и битолска и балканска сцена, значат многу. Со „Гром” пораснаа бројни генерации, особено мојата. Нема поавтентично место за прослава на ваков јубилеј од Хераклеја. Очекувам амбиентот и природната акустика да донесат вистинско уживање за сите присутни”- рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Вечерва ќе се слуша авторска музика, нешто старо, нешто фестивалско и нешто ново- вели Раде Стаматов, а ќе има и дел од најпопуларните песни на Ален Славица. И кога сте скоро половина век присутни на музичката сцена и вашите песни една генерација се обидувала да ги сними на касета на радио, знаете што е формулата за постојано присуство во една од најдинамичните индустрии во светот. Ален е Хрват, Раде својот професионален век го минува во Англија, Томе во Австралија. Побаравме впечатоци за музичката индустрија, совет за младите, оценка на моменталната состојба.

Ни одговорија сите.

Нивните изјави – во прилогот подолу што ве води до YouTube.

Јубилејниот концерт на групата „Гром“ – 45 години професионално постоење е закажан вечерва , од 21 часот во Хераклеа.