Во Кристалната сала на Офицерскиот дом-КИЦ Битола, по повод 55 години творештво, свечено беше отворена изложбата на познатиот битолски фотограф Атанас Нашоку Саку, насловена „Мраз“. Пред бројната публика и почитувачи, за изложбата свое видео обраќање имаше кустосот Филип Иванишевиќ.Преку видео се обрати и директорката на ЈОУ КИЦ Битола, Лили Бошевска, која рече дека се радува што овие прекрасни дела се поставени во Офицерскиот дом и се надева дека тука не завршува соработката со овој познат битолски фотограф.

Битолчани го познаваат како одличен фотограф кој ги направил и легендарните црно-бели фотографии кои се изложени во Народниот театар во Битола, и како основач на печатницата “АНС“, но и како одличен ракометар.

Оваа изложба е во организација на Културно информативниот центар Битола, поддржана од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2023 г. Изложбата може да се погледне секој работен ден од 08.00-16.00 ч.












