Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (24/25/26.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
Како што соопштија од полицијата на територија на СВР Битола изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 29 мерки за возење без возачка дозвола, изречени 15 мерки за непрописно паркирани возила, 27 мерки за непрописно престигнување.
Од СВР Битола велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.












