ТЕРА

REKLAMA???

“СУПЕРМЕН“ НА ВИКТОР АПОСТОЛОВСКИ ДОБИ ВИДЕО ЗАПИС

Песната „Супермен“ на Виктор Апостоловски, доби свој видео запис. Дефинитивно моќна, разиграна , певлива и хитовска музичка композиција која сите генерации си ја потпевнуваат. Дел од атрактивниот  видео спот е сниман во Битола, на покривот на Центарот за култура и Театарот, Офицерскиот дом и сл.

Музиката и аранжманот се на Владимир Дојчиноски Дојчин кој заедно со Виктор Апостоловски се погрижија и за текстот, а самиот видео и аудио едит на видео записот на песната е на Виктор Апостоловски во соработка со Creatix Production – Битола.

-„Супермен“ носи заразна енергија што ќе ве натера сите да сакате да се играте“, вели Виктор.

Публиката ја почувствува оваа енергија и затоа песната од самите почетоци е на врвот на музичките листи и со најголем број на прегледи на Youtube. Оваа песна беше во конкуренција за македонски претставник за песна на Евровизија.

„Иако текстот асоцира на јунакот од стриповите и филмовите, во овој случај „Супермен“ е парадигма на моето секојдневно битисување. Во ова време на пандемија, неисигурност, тага, исчекување, ограничено движење и дружба, на мигови треба да имаш надчовеччка сила да го издржиш сето тоа. И покрај се успеав да останам позитивен. Благодарен сум „што можам да одам, можам да зборувам, можам да ја исполнам твојата желба, можам да скокнам во огнот, можам да се шегувам“ како што пеам во песната. Имам сила да се борам против сите неправди не само во приватниот туку и во професионалниот живот. Пандемијата едноставно ни ги скрати крилата особено на луѓето од музиката, уметноста“, вели Апостоловски.

Неда Маретиќ