Македонската евровизиска претставничка Андреа ја започна предевровизиската турнеја и имаше настап во Лондон, во Хард Рок хотел. На истата сцена настапиле уште триесеттина музичари од Европа, а свој настап имале и Eye Cue, кои ја претставуваа земјата на Евровизија во 2018 година.

„Во публика, Андреа доби поддршка и од македонска амбасадорка во Лондон, Александра Миовска, како и од македонските претставници на Евровизија од 2018-та година Eye Cue кои исто така настапија на забавата. Покрај настапот, Андреа имаше интервјуа во прес- центарот на настанот, како дел од агендата“- информираат од МРТ.
По настапот во Лондон, Андреа заминува во Тел Авив и ќе ја претстави евровизиската песна ,,Circles” во Менора Мивтахим Арена на 7-ми април. Евровизија 2022 година ќе се одржи во Торино, Италија. Многумина забележаа дека на финалната верзија на песната се направени мали продукциски измени, со кои дополнително се истакнува нејзиниот моќен глас и талент кој со сигурност ќе биде препознаен од европската публика.
Андреа ја претстави својата песна „Circles“(Кругови) и на натпреварување во Букурешт, Романија.
Неда Маретиќ













