АТО Битола објавува аудиција за деца од 5 до 10 годишна возраст. Сите родители во консултација со нивнте деца доколку сакаат, можат да се пријават со 2 до 3 фотографии на следниот маил: ato.center@yahoo.com
Потребно е впишување на името и презимето на родителот, името и возраста на кандидатот, контакт број од родителот.
Пријавувањето е најдоцна до 8 април 20.00 часот.
АТО Битола ќе продуцира детска емисија во 31 кратки епизоди на говорен и знаковен јазик со едукативен карактер, преку која најмладите гледачи како и повозрасните ќе можат низ забавен начин да се стекнат со основите на знаковниот јазик.













