ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР СО ПРЕСВРТ ГО НАДИГРА ТФТ И КАКО ЛИДЕР ВЛЕГУВА ВО СУПЕРЛИГАТА

КК Пелистер – ТФТ 110-106


По одличното прво полувреме на гостите од Скопје, лидерот на табелата успеа да направи пресврт во последната четвртина и да стигне до победата со која ја потврди најдобрата стартна позиција во пресрет на вториот дел од сезоната – Суперлигата.
Во веројатно најефикасниот натпревар во овој втор дел од првата фаза на шампионатот, стигнаа до посакуваната победа.

Најефикасни кај домашната екипа беа Mалешевиќ со 38 и Кесар со 19 поени, додека кај ТФТ се истакнаа Бишоп со 21 и Хортон со 18 поени. Натпреварот го следеа преку илјада гледачи во спортската сала „Боро Чурлевски“.