ТЕРА

REKLAMA???

КУГЛАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВИЦЕШАМПИОНИ, СТЕФАНИЈА АЛЕКСОВСКА НАЈДОБРА КУГЛАРКА

Кугларите на Макпетрол, ја освија двојната круна за сезоната 2021/22. Викендов во новата битолска куглана пет македонски екипи се бореа за Куп-трофејот, кој на крај заврши во рацете на кугларите на Макпетрол.

На второто место заврши домашниот тим на Пелистер со 3.243, па следуваа Макпетрол Б, ГТЦ и Империјал.

По завршувањето на турнирот и по доделувањето на наградите, беа прогласени и најдобрите екипи во домашниот шампинат. Кај мажите, шампионскиот трофеј го доби Макпетрол, а Пелистер е вицешампион, додека во женска конкуренција шампион е Пелистер Плин А.

Стефанија Алексовска од Пелистер Пин e најдобра кугларка за оваа сезона во женска конкуренција во Македонија. Алексовска ќе биде претставник на Македонија во Европското првенство во Естонија.