Стратегија за женско претприемништво државава има, донесена е уште во 2019 година, но се поставува прашањето колку од она што го содржи истата е имплементиро. Претседателката на Националната платформа за женско претприемништво Валентина Дисоска вели дека поради пандемијата Стратегијата е половично имплементирана, недостасува делот за развој на претприемништвото, а тое е вели дигитализацијата.
„Во минатото да се работи на темата женско претприемништво недостасуваа основните елементи. Со стратегијата за развој на женското претприемништво која што е правена пред ковид пандемијата, а изгласана во 2019 година, претставува водилка и акциски план какао во принцип во нашата држава треба да се наосчат работите за да имаме ресурс, кој што се вика 50% од популацијата да го искористиме за економско јакнење на државата. Значи економско јакнење на жената, развој на претприемништво и преку тоа социе-економски раст и развој на државата. Меѓутоа она што ни се случи со пандемијата, ни се случи да имаме стратегија која што досега е половично имплементирана, она што се тргна да се работи застана, и сега имаме стратегија којашто вели дека ни недостасува еден важен и значаен дел за развој на претприемништвото, а тоа е дигитализацијата. Што значи стратегијата е напишана 2019, меѓутоа треба да се преработува и доработува“, рече Дисоска.
Стратегијата има четири стратешки точки, едната е креирање на поволен деловен амбиент. Дали тоа се случи?
„ На почетокот кога почнавме да работиме на акцискиот план, почнавме да го креираме поволниот деловен амбиент. Меѓутоа знаете какви беа изминатите години, поволен амбиент за развој на бизнис немаше никаде, па ни во микро и малите компании коишто најчесто се водени од жени, така што за жал и она што го имаше повеќе го нема. Компаниите коишто најчесто се во услужниот сектор, најчесто се оние со еден или двајца вработени, за жал се помалку можат да опстојат и се послабо стојат на пазарот и можеме да кажеме дека ја изгубивме и онаа основа од која што тргнавме“, рече Дисоска.
Втората стратешка точка на Стратегијата е системската поддршка за развој на женското претприемништво, која што беше замислена да биде креирана од институциите преку различни мерки, преку невладиниот и приватниот сектор.
„ Она што можеме да го видиме сега е дека институциите за жал веќе не ја препознаваат потребата за јакнење на женското претприемништво и она што ни се случи е дека Министерството за економија ја укина мерката која што ги даваше средствата само за развој на жени претприемачи, така што оваа година ја немаме таа мерка. Имаме други мерки коишто се насочени за раст и развој на малаи и средни компании, меѓутоа немаме мерки коишто помагаат на микро компаниите, особено не на оние коишто се самовработените коишто се во услужната дејност и коишто во текот на пандемијата имаа најголем проблем да опстојат. Она за кое што велиме стратешки поставување, креирање можност, креирање околина, за жал сега не постои“, вели Дисоска.
Со цел подобрување на економската состојба на жените претприемачи направена е и Национална платформа за женско претприемништво којашто е поддржана од ЕУ.
„Национална платформа преку која сега се креираат и поставуваат условите према Владата и Минситерствата, поставуваме барања што сакаме да се постави. Бидејќи не може еден сегмент од економијата да биде заборавен и да биде оставен на страна. Она што сакавме на почетокот и пред пандемијата да креираме фондови коишто ќе овозможат раст и развој на женското претприемништво, какао Фондот за иновации, меѓутоа видовме дека ретерираше и Минситерството за економија и ни го скрати буџетот за женско претприемништво, така што ние нема да престанеме сега ќе креираме нови барања, ќе одиме понатаму, навистина да овозмзожиме фондови коишто ќе им дадат на жените ветр во грбот, затоа што е многу важно да има потпора, таа е дискриминација, но ние велиме дека е позитивна дискриминација, иста таква дискримеинација која што се прави за старт ап компаниите, иновативните компании, истата таа да се преточи за раст и развој на женското претприемништво. Сепака 50% од популацијата не треба да се запостави“, вели Дисоска.
Преку Националаната платформа формирани се радио поткасти каде што се промовираат жените претприемачки.
„Жените претприемачки ги снимаме и преку нивните добри практики и ги пуштаме во етерот. Исто така имаме и видео поткасти каде што се промовираат жените преку социјаланите медиуми. Преку Тв, преку емисии се промовираат жените претприемачки за да бидеме еден позитивен пример на младите кои штро сакаат или да си заминат од државата или да се вработат во државни институции. Ниту едното ниту другото не е добро за нашата држава, затоа ние сметаме дека треба да се научат да ги препознаваат можностите за претприемништво, за притоа да креираат бизниси и да направат добро за себе“
Основачи на Националаната платформа се Здружение на бизнис жени, Национална федерација на фармери, Сојузот на стопански комори и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување. Меѓутоа како што рече Дисоска на раст и развој на женското претприемништвото работат уште 60 тина организации со цел да се организира средина за развој на претприемништво.













