Анастасија Трајковска ќе биде новиот советник во Совет на Општина Битола, од редовите на Коалицијата ЛДП и ДОМ, коалиција која настапи на последните локални избори и која имаше освоено едно советничко место, каде беше доскорешниот советник од ЛДП, Валентин Груевски, кој си поднесе оставка.
Трајковска која беше втора на советничката листа е од ДОМ и сега по автоматизам влегува во актуелниот состав на Советот.
По професија е дипломиран инженер архитект и доктор на науки од областа на социологијата на изграденото окружување.
Претседателката на Советот, Габриела Илиевска соопшти дека Груевски ја доставил до неа оставката, а Советот ја препрати до ДИК, од каде треба да бидат известени за новиот советник.
Откако тоа ќе се случи, на првата наредна седница на Советот, ќе биде констатирана оставката на Груиевки и ќе биде верифициран мандатот новата советничка Трајковска.













