ТЕРА

REKLAMA???

БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР УТРЕ ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

Ние секогаш сме се придржувале кон коалицискиот договор и постојната рамковна позиција за Република Северна Македонија. Нема никаков документ кој што јас сум го потпишал од бугарска страна, вели бугарскиот премиер Кирил Петков пред утрешната посета на Битола за информациите дека во Македонија има потпишан документ од бугарска страна.

Петков кој утре ќе допатува во Битола на отворањето на новиот клуб на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ изјави дека задача на бугарската влада е да ја поддржи бугарската заедница во Македонија.

„Мило ми е што можам да кажам дека верувам оти во моментов и владата на Северна Македонија е свесна за тоа каков голем приоритет е ова за Бугарија и за нас. Заеднички работиме на подигање на приоритетот на овие луѓе во македонското општество. Фактот што утре ќе бидеме толку многу луѓе од толку различни партии таму, покажува поддршка за бугарската заедница“, рече Петков.

Од Клубот на културниот центар Ванчо Михајлов во Битола преку соопштение ја најавија утрешната посета на премиерот на Бугарија Кирил Петков на Битола, како и потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, како и претставници на народното собрание на Бугарија и како што се наведува други високи претставници на општествено политичката сцена во Бугарија и лидерот на ВМРО Красимир Каракачанов.

Петков во Битола, како што рече вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе ја посети трасата која се гради за далеководот Битола-Елбасан.