ТЕРА

REKLAMA???

СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ НА ЈАНА БЛАЖЕВСКА ВО ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

Во прекрасниот амбиент на концертната сала во Офицерскиот дом, солистички концерт одржа младата Јана Блажевска-сопран. Таа е  ученичка во II клас во средното музичко училиште во Битола, во класата на професорката м-р Маја Митровска, настапи во пијано придружба на  проф-м-р Александра Ристовска. Ученик е и на француската алијанса од Битола, па овој концерт беше во соработка на Музичкото училиште и Француската алијанса. Програмата беше составена од дела на најпознатите француски композитори.

Проф.м-р.Александра Ристовска, проф. м-р Маја Митровска, ученичката Јана Блажевска, директорката на Фр.Алијанса Каролина Потел Златевска

Присутните ги поздрави директорката на Француската Алијанса Каролина Потел Златевска, а помеѓу љубителите на добриот музички звук беше и директорката на Офицеркиот дом Лили Бошевска. Ова е од големо значење за Јана како што ни изјави, посебно заради тоа што изминатиов период настапите беа онлајн. Блажевска своето образование го започнала на 12 годишна возраст, како ученик по соло пеење во класата на проф-м-р Маја Митровска во ДМУ Битола. Зад неа се десеттина први и втори награди во земјава и странство (Русија, Молдавија, Бугарија, Хрватска, Белорусија,Франција).

Јана со професорката Маја Митровска

Освен големата љубов за францускиот јазик, учи англиски, италијански и корејски јазик. Соработувала со Здружение на професори по италијански јазик, учествувала на “Шопенова вечер”. Членува во Камерната Опера Битола од 2018 год., како најмлад член. Во организација на Камерна Опера, учествувала во два проекти/концерти, и семинар “Актерска игра за соло пејачи”под менторство на професорот и актер, Филип Ристевски. И овој концерт е еден во низата за оваа година, во рамките на одбележување на јубилејот на Музичкото училиште 75 години постоење. Концертната сала во Офицерскиот дом на КИЦ. Битола станува омилена сцена за младите уметници за кои е предизвик да настапат во најакустичната концертна сала во земјава.