На сточниот пазар во Битола јагнињата се продаваа по цена од 200, 220 па до 250 денари за килограм жива мера.

Едни велат дека јагнето се купува сега пред Велигден, а други пак велат дека слаба е побарувачката. Но и едните и другите се пожалија на ниската цена на чинење, бидејќи како што велат храната за нив е 100% покачена.

Цената на килограм јагнешкото месо во битолските месарници чинеше од 400 па се до 460 денари, таа е повисока за разлика од ланската година кога пред Велигден се продаваше за 340 денари. За дел од граѓаните кои ги анкетиравме јагнешкото месо е скапо, за други не била восока цената со оглед на тоа што има покачување на цените на повеќето прехрамбени производи, но ќе купат во зависнот од тоа со колкав буџет располагаат.

Според информациите од Агенцијата за храна и ветеринарство од земјава досега се вкупно извезени 136 423 јагниња или 1.560.254 килограми јагнешко месо.

Според АХВ, најголем извоз е реализиран во Италија, 85.013 јагниња или 929.990 килограми, а најмал во Црна Гора, 396 јагниња или 5.824 килограми.













