ТЕРА

REKLAMA???

ИВА ПРОЈКОВСКА ПРВА МАКЕДОНКА КОЈА ЌЕ СУДИ ЕП ВО ФУДБАЛ ЗА ЖЕНИ

Најдобрата македонскатa фудбалска судијка, Ива Пројковска, ќе биде дел од судиите кои ќе делат правда на натпреварите на Европско првенство во фудбал во женска конкуренција. Ова е големо признание за Пројковска, која во последно време е редовен дел од најголемите фудбалски настани кај дамите.

Пројковска ќе биде дел од списокот на елитни судии кои ќе судат на Европското првенство, кое ќе се одржи од 6 до 31 јули во Англија.