Поранешната учесничка на „Ѕвезде Гранда“ битолчанката Марија Груевска реши да не запира кога се во прашање новите песни и објави уште еден сингл наречен „Исти сме“.
Ваква уметност се очекуваше од неа, бидејќи за време на натпреварот се претстави како вистински изведувач кој се грижи за секој детал. Музиката и аранжманот за новата песна ги направи Зоран Грујовски, а за текстот беше задолжен нејзиниот татко Душко Груевски, за кој таа постојано истакнува дека и е голема поддршка и творец на многу идеи.

Вокалите ги снимија: Лотар Атвел, Зоран Грујовски, Илија Балтовски и Душко Груевски.
Инаку, Марија со оваа песна се пријави на Евровизија 2022 година, но бидејќи песната не беше примена, пејачката не сакаше да ѝ оневозможи на верната публика да ужива во истата.
Битолчанката публиката ја памети по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Во ова музичко шоу, настапиле бројни учесници и ретко кога некој би можел да ја изненади јавноста со нешто сосема различно или да ги шокира членовите на жири комисијата, но нашата учесничка токму тоа го направи. Груевска уште од самиот почеток на учество во ова шоу, ја имаше титулата за најекстравагантен учесник.

Но не е само ова шоу. Фановите се сеќаваат на нејзините настапи во Икс фактор и На иста адреса, како и Макфест. Неодамна ја промовираше песната „Горам цела (Горим сва)“. Секое нејзино појавување привлекува внимание и освен што ги освои сите со нејзиниот музички талент и глас, но и стас, нејзините комплетни сценски настапи и тоа како ги привлекоа симпатиите на целокупната јавност, па со нетрпение се чека секој нејзин следен настап.
За оваа година вети уште најмалку три авторски нумери секако со можност за видео записи и веројатно еден комерцијален концерт , но не со авторска музика туку преработки.


















