ТЕРА

REKLAMA???

МПЦ ОЧЕКУВА СПЦ ДО КРАЈОТ НА МАЈ ДА ИСПРАТИ ПРЕДЛОГ ЗА АФТОКЕФАЛЕН СТАТУС

Портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА и митрополит на Дебарско-кичевската епархија, Владиката Тимотеј, по денешната седница изјави дека се надеваат и очекуваат до крајот на месецов Српската православна црква (СПЦ) да го испрати до Влеленската Патријаршија предлогот за автокефален статус на МПЦ-ОА.

Тој рече дека било која црква за која се прави предлог да добие автокефалност треба да исполнува 9 или 10 точки и дека очекуваат СПЦ да предложи до Влеленската Патријаршија доделување на автокефален статус на МПЦ-ОА, што треба да го одобрат сите православни цркви и потоа Вселенскиот Патријарх да издаде Томос потпишан од него и од СПЦ.

Светиот Синод на Вселенската Патријаршија на 9 мај соопшти дека ја отстранува „повеќедецениската шизма наложена врз Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ.“

Со тоа Вселенската Патријаршија ја призна црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспостави канонско и литургиско општење со неа, а наведе дека како име на оваа Црква го признава „Охридска“ имајќи го на ум, како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Северна Македонија.

Вчера и Синодот на Српската православна црква СПЦ соопшти дека го поздравува прифаќањето на статусот на целосна внатрешна самостојност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).