Федерацијата на училишен спорт на Северна Македонија со поддршка на Агенцијата за млади и спорт деновиве организира Отворени Балкански училиште спортски игри – „Охрид 2022“.
Целта е зближување на младите спортисти од Балканот, создавање нови познанства, премостување на разликите и обид преку спортот да ја реализираме идејата за Отворен Балкан.
Спортската екипа на Гимназијата Јосип Броз Тито од Битола зеде учество со четири екипи. Настапија екипи во ракомет во машка и женска конкуренција, шах и пинг-понг. Како шампиони на државната Гимназијада битолските екипи ќе ја претставуваат нашата земја и на меѓународните натпревари.
Игрите ќе траат од 12 до 16 јуни и ќе донесат 450 ученици-натпреварувачи од најдобрите средни училишта од Северна Македонија, Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.















