ТЕРА

REKLAMA???

„ОД НЕБО ДО ДНО“ НОВА ПЕСНА НА КАРОЛИНА ГОЧЕВА

Најновата песна на Каролина Гочева а со наслов „Од небо до дно“.

Како што најави на нејзиниот голем концерт на отворено во јули (дека следи нешто ново и возбудливо), таа го претстави поп синглот, нејзината прва поп песна после 12 годишна пауза. 

Музиката е на Каролина Гочева, аранжманот на песната е на Роберт Билбилов, а текстот на Весна Малинова Бабамова. Снимањето, микс и мастеринг се одвиваше во “JUST RB PRODUCTION”, додека видео спотот е режиран и реализиран од “Пирка”.

Извршен продуцент на песната и спотот е Авалон Продукција, режисер: Влатко Владимиров, камера: Борис Ралев.

Танчери: Леонтина Ѓорѓиевска, Веселин Трајковски, кореограф: Елена Стојкоска, Ивана Балабанова (Beatrix Crew). Снимено во Pro Light Studio.

Со концертот на Каролина Гочева оваа година беше отворено битолското културно лето Бит Фест. Над 2000 гости, го исполнија амфитеатарот на античкиот локалитет Хераклеја. Таа е еден од најдобрите женски вокали во Македонија, чии хитови нема кој не ги знае, меѓу нив се: „Да е сон“, „Од нас зависи“, „Кажи ми“, „За нас“, „Знаеш колку вредам“ и многу други.

Минатата година Каролина го работеше проектот со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, кога беше и објавена песната Идила. Каролина Гочева со ритамот на новата песна од „Од небо до дно“ и со динамичниот спот нѐ потсетува на почетоците од нејзината кариера.

https://youtu.be/PVS-3D7T3Ms