ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕЗЕНТИРАНА ИЗЛОЖБАТА „ЗАД МАКЕДОНИУМОТ“

Едно од најсовремените дела на македонската уметност, несомнено е монументалниот скулптуларно-архитектонски споменик во чест на Илинден,  „Македониум“, на тандемот Искра и Јордан Грабулоски. Изграден во 1974 година, овој вонвременски споменик е вброен како врвно дело и во светската  литература на современата уметност. Сите аспекти на овој сложен објект, кој  ја надрасна основната комеморативна функција и стана дел од светската споменична уметност се претставени на изложбата која е отворена за јавноста, „Зад Македониумот”, во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Се работи за изложени скици, цртежи, фотографии и макети од личната колекција на Јордан и Искра Грабулоски.

Она што, според претседателот, најмногу инспирира во делото на Јордан и Искра Грабулоски, а што може да го согледаме и низ оваа изложба, е тоа што преку конципирањето на споменикот во Крушево, свечено отворен на 2 август 1974 година , авторите настојувале да ги посочат автентичните корени на оваа земја, од која произлегуваат новите општествени и културно уметнички парадигми.

Низ изложбата присутните гости беа водени од Владимир Јанчевски, куратор и теоретичар на уметноста. Изложбата ќе биде достапна за посета за широката јавност преку платформата Отворен Кабинет до 30 септември.