Битолски Пелистер обезбеди пласман во финалниот меч од турнирот во организација на бугарскиот прволигаш Балкан.
Во дуелот со домаќинот, битолчани славеа со 76-71 и во мечот за пехарот ќе се сретнат со Спартак Плевен, утре од 15:30 часот. Балкан денеска доминираше безмалку три четвртини, а по три минути во второто полувреме водеше со 11 разлика (46-35). Тогаш Пелистер се разбуди, заигра далеку подобро и на четири минути пред крајот на натпреварот имаше предност од 63-59.
Балкан израмни на 65-65, но во драматичниот финиш, кошаркарите на Пелистер подобро се снајдоа и стигнаа до победата,
Во тимот на Марјан Илиевски, најефикасен беше Сеад Хаџифејзовиќ со 17 поени, 13 постигна Стајиќ, а по 11 додадоа Мустафица и Карутерс.












