ТЕРА

REKLAMA???

ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ДОЖД, ВО БИТОЛА ДО 15 СТЕПЕНИ

Најмногу дожд наврна во Пожаране 9 л/м2, 8 во Маврови Анови, 7 Попова Шапка, Дебар, 5 Охрид, Претор, 4 Крушево, 3 Битола, Лазарополе, 2 Тетово, Прилеп, Тополчани, 1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Ѓуриште.

Утрово најниската температура од 6 степени беше измерена на Попова Шапка, 7 Крушево, 8 Берово, Лазарополе, 9 Маврови Анови, 10 Куманово, Прилеп, Претор, 11 Крива Паланка, 12 Битола, Струмица, Охрид, Дебар, 13 Тетово, Скопје-Петровец, 14 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Виница, Гевгелија, Дојран, 15 Штип.

Во текот на ноќта времето бепе облачно, во втората половина од ноќта и утрово има врнежи од дожд претежно во западните подрачја. Дува слаб ветер од јужен правец. Утрово во делови од Скопската Котлина има појава на слаба магла.

Времето денеска облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Битола облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 15 степени.