Концертот на Зарина Првасевда кој беше закажан за 13-ти октомври во Центарот за култура, се одложува поради здравствената состојба на Зарина. Во продолжение ја пренесуваме нејзината изјава во целост:
„Почитувани пријатели, со огромно жалење ве известувам дека заради нарушување на мојата здравствена состојба, концертите во Битола и Демир Хисар ќе бидеме приморани да ги одложиме за првата можна следна прилика. Оваа музика ја заслужува мојата полна енергија и емоција, за да можам вам да ви ја пренесам така, а тоа овојпат за жал ќе мора да причека.
Благодарам за разбирањето и поддршката што безусловно ми ја пружате, со нетпение ќе чекам и се радувам на нашите нови средби во блиска иднина.
Дотогаш, чувајте се и слушајте убава музика. Прегратка секому.
Сите кои купиле билети, средствата ќе им бидат рефундирани онаму од кадешто истите ги набавиле.
До скоро! “.












