ТЕРА

REKLAMA???

РУСИЈА: ВЛЕЗОТ НА УКРАИНА ВО НАТО МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА

Влезот на Украина во НАТО може да доведе до Трета светска војна и самата алијанса е свесна за тоа, изјави заменик-секретарот на Советот за безбедност на Русија Александар Венедиктов во интервју за ТАСС.

Според него, барањето на Украина за брзо членство во НАТО е „повеќе пропаганден потег“.

„Киев е свесен дека таквиот чекор би значел загарантирана ескалација до Третата светска војна. Очигледно, тие сметаат на создавање информативна врева и уште еднаш да го свртат вниманието кон себе“, изјави заменик-секретарот на Советот за безбедност на Русија, Александар Венедиктов,пренесе Танјуг.

-Но, имајќи предвид дека многу членови на режимот во Киев не се во допир со реалноста, не би бил изненаден доколку некои луѓе таму навистина очекуваат нивната земја да биде примена во НАТО, рече тој.

„Ние сме, исто така, свесни дека, и покрај декларациите за директно невклучување во настаните во Украина, вистинските дејствија што ги преземаа западњаците покажуваат дека тие се директна страна во конфликтот”, рече рускиот висок безбедносен претставник.

Тој додаде дека приемот на Украина во НАТО ќе значи автоматско активирање на членот 5, кој гарантира дека земјите од НАТО ќе учествуваат во одбраната на членка која е во војна.

-Самите членки на НАТО ја разбираат самоубиствената природа на овој чекор, рече тој, мислејќи на приемот на Украина во НАТО.