ТЕРА

REKLAMA???

УРНАТ ПОМОШЕН ОБЈЕКТ КАЈ ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

Денеска се уриваше помошен објект од офицерскиот дом, кој во подалечното минато беше во функцијата на домот.

Од општина Битола рекоа дека врз основа на издадено одобрение за отстранување на постоечки објекти од страна на Министерството за транспорт и врски, започна отстранувањето на руинираниот помошен објект во непосредна близина на Офицерскиот дом, кој некогаш бил во функција на надворешните содржини на домот.

Со реновирањето на Офицерскиот дом, општината побара Одобрение за отранување на постоечки помошен објект бр.3 од Министерството за транспорт и врски. Министерството од своја страна побара согласност од Управата за заштита на културно наследство, која издаде согласност, по што е изготвено соодветно Одобрение за отстранување на руинираниот објект.

Градежните активности на терен ги извршува КјП Нискоградба, по претходно склучен договор со Општина Битола за активности од оваа дејност.

Објектот, кој се наоѓа во непосредна близина на обновениот Офицерски дом, поради запуштеност и дотраеност беше без покрив, фасадна столарија, без врата. Делумно постоеја само остатоци од дрвени рамки и конструкција. Истиот претставуваше опасност за минувачите и посетителите на обновениот партерен дел на Офицерскиот дом, особено земајќи во предвид дека партерниот дел често е простор на кој се изведуваат музички настани, детски претстави и различни културни активности.

По рушењетo на објектот, просторот ќе биде соодветно уреден, велат од општината.