Пелистер ја оствари третата победа во првата лига откако денес во четвртото коло ја совлада Струмица со 114-101. Битолчани беа подобриот противник во поголем дел од средбата, а клучната предност ја направија на крајот на првото и почетокот на второто полувреме.
Битолскиот состав беше исклучително расположен во нападот, а тоа го покажуваат и бројот на постинати поени. Одличен беше Сеад Хаџифејзофиќ кој постигна 31 поен. Донтеј Краутер беше втор стрелец со 23 поени. Во редовите на Струмица најмногу се истакна Стефан Крстајиќ со 26 постигнати поени.












