Од последната трка во Романија , со која завршува ВМУ Европскиот шампионат за оваа сезона, Кико Илиоски се враќа со четврто место, а Македонија екипно е второпласирана.
„Ја затвораме сезоната на меѓународни натпревари. И ја ставам Македонија во најсилната класа од шампионатот, со високо второ место како краен резултат. Без поддршка на мојот менаџер, моите спонзори кои веруваа од старт во мене и во моето семејство, овој успех немаше да биде реалност. Овој пласман го посветувам на сите мои фанови кои ми пишуваат, ме бодрат на трките и го сакаат овој спорт. Ова беше сезона на исклучително силна конкуренција и мора да бидам искрен и да кажам дека беше преголем залак за мене. Но, кога нешто се сака, границите се преминуваат со напор кој некогаш се граничи со невозможно. Се гледаме во Смолево, Битола на последната трка од македонскиот шампионат на 13 ноември”, изјави Кико Илиоски.












