ТЕРА

REKLAMA???

УСАИД ВО БИТОЛА ОДБЕЛЕЖА 30 ГОДИНИ ПАРТНЕРСТВО СО МАКЕДОНИЈА

Патувачкиот караван „Инспирирај се за иднината” по повод 30 години на УСАИД во Македонија синоќа во Битола во Офицерскиот дом. Активностите предводени од млади луѓе, ученици, наставници, уметници, претприемачи и други професионалци кои се вклучени во различни програми на УСАИД ги покажаа резултатите од долгогодишниата работа во партнерство со Македонија.

На настанот присуствуваше Ерик Мејер, вршител на должност амбасадор на САД, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, учесници во програмата на УСАИД, парнери и нивни пријатели. Вршителот на должност амбасадор на САД рече дека во изминатите 30 години УСАИД обезбеди повеќе од 840 милиони американски долари развојна помош. 

„Програмите на УСАИД се фокусираа на унапредување на децентрализацијата на владеењето, промовирање на судските реформи, на транспарентно влаеење и иницирање на решенија за е-влада. Помогнавме во унапредување на економската конкурентност преку зајакнување на претпиемништвото и отворање на работни места, работевме на намалување на потрошувачката на енергија, го зајакнавме образовниот процес и тоа основното се до универзитетското образование и помогнавме да се креираат политики кои се усогласени со регулативите на ЕУ“, рече Ерик Мејер, вршител на должност амбасадор на САД. 

Ги спомена и успешно завршените проекти во овој регион во повеќе сфери, во општините Битола, Новаци и Могила. Беше прикажано и кратко видео за една успешна приказна, токму од овој регион, од Могила, каде е реализиран проект за краварска фарма, која успешно функцинира.

Мотивациски говор „Партнерството е сила” одржа Фатма Бајрам Аземовска која пред присутните ја раскажа својата животна приказна и упати порака до младите да не се откажуваат од својот сон без разлика на предизвиците со кои ќе се соочат. 

Целта на овој караван е да ги мотивира и да ги поттикне младите да се вклучат и активно да учествуваат во градењето одржлива иднина заедно. 

Публиката имаше можност да ја проследи модната ревија „Рециклирана убавина” под менторство на Ирина Тошева со учениците од средните училишта „Таки Даскало” и „Јосип Броз Тито” од Битола. 

На свеченоста беше претставена и изложба на фотографии „Живот поминат заедно”.