ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОДРЖА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „МАЛА ШКОЛА ЗА КРАТОК ФИЛМ“

Од 31 октомврви до денес, се одржуваше фестивалот „Мала школа за краток филм“, чие прво
издание пред 18 години се одржа во Нанси, Франција. Фестивалот беше дел од програмата на општина Битола, по повод Денот на ослободувањето на градот. Ова е 2.издание на фестивалот во Македонија.

Организатор на фестивалот е Здружението „Aye Aye“ од Нанси кое 18 години организира
фестивал за ученици од основни училишта во кој, како што информираат, се вклучуваат илјада деца во Нанси и 192 деца во Везелис. Овој настан е наменет за најмладите (започнувајќи од забавиште), но и за
пред-тинејџерите и тинејџерите (деца од училиште до девeтто одделение). Фестивалот освен во Битола се одржуваше и во Гермијан, Новаци и во Могила.

Оваа година јавноста имаше можност да гледа француски дела, но и од Германија, Јужна Кореја, Шпанија, Естонија, Италија, Јапонија, Мексико, Чешка, Швајцарија и од Иран.
Теми прилагодени на возраста на јавноста, теми кои зборуваат за неа, но и од бајките, во сите случаи фестивалски сесии кои ја раздвижуваат и воодушевуваат публиката. На крајот од секоја сесија, децата гласаат за нивниот омилен краток филм. Филмот со најмногу гласови ќе ја добие наградата на публиката, која ќе се додели на завршувањето на фестивалот на 2. декември во францускиот град Нанси.