На 13-ти ноември ќе се одржи мотокрос трката на Смолево. На стазата ќе го видиме и битолчанецот Христијан Илиовски-Кико. Пред трката тој денеска на плоштадот Магнолија ја изложи својата опрема, односно битолчани имаа можност да го видат моторот КТМ 450 кубици, неговото одело и кацигата со која ја заокружи 10-та титула Државен првак на Македонија. Е токму оваа кацига ќе има можност да ја добие секој онај битолчанец кој ќе го остави своето име и презиме во кутијата која ќе биде поставена на Патеката Смолево. Извлекувањето ќе биде на крајот од натпреварот по прогласувањето на победниците, а лично Христијан Илиовски ќе го извлече најсреќниот добитник.

Од последната трка во Романија , со која заврши ВМУ Европскиот шампионат за оваа сезона, Кико Илиоски се врати со четврто место, а Македонија екипно беше второпласирана.

Мотокрост трката во Смолево е во недела на 13-ти ноември, ја организира Мото клубот „Пелистер“ заедно со Христијан Илиовски, а во соработка со мотоциклистичката федерација на Македонија.












