ТЕРА

REKLAMA???

ОД УТРЕВЕЧЕР СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ ПЛАНИНИ

Утре променливо облачно со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 км/час). Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во сабота ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Од недела ќе преовладува стабилно време со магла по котлините.