Утрово најстудено со -4 степени беше во Берово, 0 Струмица, 1 Скопје-Петровец, Лазарополе, 2 Крива Паланка, Попова Шапка, 3 Битола, Тетово, Штип, Маврови Анови, 4 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Гевгелија, Крушево, 5 Прилеп, Виница, 6 Претор, Охрид, Дебар, 7 Дојран.
Во текот на ноќта времето беше малку до умерено облачно, а изутринава е сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини има појава на магла. Во Тетово и Демир Капија хоризонталната видливост е ограничена на 50 м. Во повисоките места дува слаб ветер од променлив правец.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.
Максималната температура ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Битола до 14 степени.












