ТЕРА

REKLAMA???

КИНА ПРОТИВ ИСКЛУЧУВАЊЕТО НА РУСИЈА ОД Г20

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ги повика лидерите на Групата 20 индустриски развиени и земји во развој (Г20) да ги надминат поделбите со цел да придонесат за завршување на војната во Украина.

„Убеден сум дека сега е време да се запре уништувачката војна на Русија. Војната може да се запре. Не може да има оправдување за нуклеарна уцена“, додаде Зеленски, особено заблагодарувајќи се на „Г19“, групата, со што ја исклучи Русија од оваа моќна група.

Рускиот претседател Владимир Путин не присуствува на самитот, но неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е на Бали.

Војната во Украина официјално не е на дневен ред на самитот, но темата доминира на состанокот.

Изјавата на украинскиот претседател Зеленски дека нема да има „Минск-3“ ја потврдува позицијата на Киев дека не сака да преговара, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На прашањето на РИА Новости дали овие зборови на Зеленски го потврдуваат ставот дека нема да има преговори со Руската Федерација, Пекосв кратко одговори: „Апсолутно потврдуваат“.

Кина се противи на исклучувањето на Русија од Г-20 и другите меѓународни организации, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров на маргините на самитот на Г-20 во Бали.

Самитот на Г20 започна на 14 ноември на островот Бали. Претставниците на раководството на земјитеучеснички ќе разговараат за прашања поврзани со безбедноста на храната и енергијата, процесот на дигитална трансформација и прашањата за здравствената заштита.