ТЕРА

REKLAMA???

СТОЛТЕНБЕРГ: НЕМА ИНДИЦИИ ДЕКА ИНЦИДЕНТОТ ВО ПОЛСКА БИЛ НАМЕРЕН

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за ракетите кои паднаа врз Полска рече дека најверојатно биле од воздушната одбрана на Украина.

„Инцидентот најверојатно бил предизвикан од украинска ракета за противвоздушна одбрана лансирана за одбрана на украинската територија од руски ракетни напади. Но, да бидам јасен. Овде не е виновна Украина. Русија ја сноси крајната одговорност бидејќи ја продолжува својата нелегална војна против Украина. Немаме индикации дека ова е резултат на намерен напад и немаме индикации дека Русија подготвува офанзивни воени акции против НАТО“, рече Столтенберг.