Во официјалната програма НА 14.издание на Фестивалот на музика од светот се три концерти. Истиот се отвора денес во Центарот за култура, со настапот на познатата светска фадо пејачка Јоана Амендоеира, со нејзиниот бенд од Португалија. Преку нејзиниот глас, фадото достигнува уникатни, возвишени моменти, поттикнати од нејзините сензуални хармонии. Во 1994 година, Јоана учествуваше на Гранд Фадо Гала во Лисабон, каде што доби ентузијастички пофалби од жирито и публиката.

Следната година, таа ја освои наградата за женски изведувач на гала Опорто. Од тој датум, таа постојано настапува низ Португалија и низ светот. Тука е концертот во Будимпешта пред португалска заедница, настапот со легендата на фадото Карлос до Кармо во аудиториумот на Радио Алфа во Париз и нејзиниот прв настап во Америка .

Четири години подоцна беше објавен нејзиниот прв албум: „1998’s Olhos Garotos (Разиграни очи)“ ,нејзиното второ цд е со наслов „Таа улица“. Во 2003 -та го издава третиот албум „Joana Amendoeira“. Таа постигна дополнителен успех кога ја доби наградата за Музичко откритие во 2004 година од португалската прес асоцијација. Истата година таа го претстави своето прво самостојно шоу на една од најстарите и најславните сцени во Лисабон: театарот Сао Луиз. Овој настап подоцна ќе се претвори во нејзиниот прв албум во живо, Ao Vivo Em Lisboa (Во живо во Лисабон).
Концертот во Битола е со почеток од 20 часот.












