Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека на вчерашните разговори во Брисел не е постигнат договор за регистарските таблички. Тој рече дека на договор не се согласил косовскиот премиер, а дека ЕУ сега јасно бара од Косово да се откаже од казните, додека Србија повеќе да не издава регистарски таблички.
„По повеќечасовни разговори, двете страни денеска не се договорија за решение. Мислам дека има сериозна одговорност за неуспехот и за каква било ескалација во наредните денови. Претседателот Вучиќ прифати, но премиерот Курти не“, рече Борел.
Тој побара од двете страни веднаш да ги исполнат барања на Брисел:
„Очекувам дека Косово веднаш ќе ја прекине следната фаза од одлуката за регистарските таблички, а Србија ќе го прекине издавањето на регистарските таблички“, рече Борел.
Во меѓувреме и информацијата дека косовскиот премиер Албин Курти за 48 часа го одложи спроведувањето на втората фаза од одлуката за српските регистарски таблички на северот на Косово, којашто предвидуваше изрекување казни.
Барањето за одложување од 48 часа го упатија САД.
Амбасадорот на САД преку социјалните мрежи објави дека му предложил на косовскиот премиер да се одложи за 48 часа спроведувањето на изрекувањето на казните за возачите на возила со српски регистарски таблички на северот на Косово.












