ТЕРА

REKLAMA???

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ЗАПАДНА ТУРЦИЈА

Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер ја погоди западна Турција утрово во 4:08 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Дузча, на околу 210 километри источно Истанбул.

Тресењето било силно, а се почувствувало и во Истанбул и главниот град Анкара. Најмалку 34 лица се повредени.

Вториот земјотрес со јачина од 4,7 степени е регистриран 20 минути по првиот.

Има извештаи за прекин на електричната енергија во регионот погоден од земјотресот, како и за луѓе кои скокале од балконите.