Утрово -1 степен во Берово, Попова Шапка, 0 Битола, Струмица, 1 Лазарополе, 2 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Гевгелија, Демир Капија, Маврови Анови, Крушево, 3 Тетово, Прилеп, Штип, 4 Скопје-Зајчев Рид, Претор, 6 Дебар, Виница, Дојран, 7 Охрид.
Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време, на места со намалена облачност. Утрово е умерено до значително облачно.
Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Битола до 12 степени.












