Директорот на ЈП „Водовод“ Битола, Пеце Милевски преку Фејзбук статус реагираше на прес конференцијата на советничката Науковска од СДСМ.
„Во име на вистината, а поради изнесени лаги деновиве во повеќе наврати се обидува да се манипулира и дефокусира јавноста од реалните проблеми со кои се соочуваме сите.
Имено на вчерашната прес – конференција на Жаклина Наумовска беа изнесени лаги и клевети за некаква сообраќајка и некаква фактура.
За волја на вистината тоа што е направено е според предлог записник од сервисот од 08.11.2021 година кој го оддржувал возилото од времето на нејзиниот сопартиец и претходен директор“пишува Милевски.
Милевски објавува и фотографија за како што вели, доказ за сервисот.
„Тој кој ги оштетил и требало да ги изврши замените на оштетените делови и “пластики на подвозје” не ги направил, туку се направени подоцна според насоките на овластен сервис, а со цел заштита на возилото и безбедно управување.
Барам од советничката Наумовска, јавно да се извини, во спротивно ќе мора да одговара според законските прописи за изнесените лаги и клевети“ напиша дирекрото на Водовод.












