ТЕРА

REKLAMA???

КАКО ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ

Во рамките на имплементацијата на проектот „Бенефит“ се одржа тркалезна маса на тема „Подобрување на енергетската ефикасност преку промоција на Европскиот бран за обнова и праведна транзиција како шанса за развој“. Се дискутираше како до подобрување на енергетската ефикасност во јавните објекти и зошто е значајна енергетската транзиција. Главната цел на проектот „Бенефит“ е да ги зајакне капацитетите на јавните органи во областа на енергетската ефикасност, како и да ја зголеми енергетската свест на поширокото општество.

„Четири поенти би спомнал. Една од тие поенти е подигање на нивото на знаење на администрацијата во делот на енергетската ефикасност, втората поента е креирање на платформа за енергетска ефикасност, таа платформа е со цел соодветно собирање и обработка на податоци со цел одлучувачките фактори да можат полесно да донесуваат одлуки, третата работа која што е важна во рамки на проектот е платформата за промена на навиките што стручни лица ја изградија. То е мошне интересна тема која е актуелна и во моментот се поклопува со транзициските процеси, бидејќи транзицијата самата по себе налага сите да се вклучиме и да ги смениме навиките, да почниме да штедиме енергија и да ја цениме енергијата, се со цел и зачувување на животната средина и посигурно снабдување со енергија, а со тоа и заштеда на финансиски средства. Четвртата поента е имплементираниот пилот проектот во Спорската сала со што направивме енергетско подобрување на самата спортска сала, со изолација на кровниот дел во главната сала, препокривање на делови од спортската сала, замена на дограмата и инсталирање на филтер на котелот на биомаса во спортската сала“, изјави Горан Неделков од Општина Битола.

Проектот „Бенефит“ е во завршна фаза, преостанати се уште мал број на активности кои ќе бидат за скоро реализирани, рече Неделков и потенцира дека истиот е во насока на остварување на целите на Европскиот зелен договор за намалување на емисиите на штетни гасови, и заштеди на енергија.

„Зошто сметам дека енергетската ефикасност е од исклучителна важност за регионот? Заради тоа што проекти поврзани со енергетската ефикасност посебно сега, инвестиции во проекти за енергетска ефиксаност се многу оправдани и истите можат да донесат финсниски бенефит, односно заштедите создадени од имплементација на такви проекти можат подоцна да се имплементираат во развој на спортот, во развој на културата во секој дел. Значи паралелно покрај проекти за енергетска ефикасност може да се реализираат и други проекти, меѓутоа во секој случај енергетската ефикасност е фокус тема во моментот“, изјави Неделков .

Ректорот на битолскиот универзитет проф.др Игор Неделковски пред присутните ги пренесе сознанијата што ги добиле на меѓународната конференција за праведна транзиција во регионите за јаглен на Западен Балкан и Украина што се одржа минатата недела во Брисел и ги потенцираше придобивките од енергетската ефикасност.

„Во овај регион постои еден долгогодишен процес кој ќе трае сигурно 10, 20 а можеби и 30 години во кој што ќе се смени суштината во регионот, од регион базиран на јаглен во регион базиран на нови технологии, еколошко производство на енергија, и тука ние како  Универзитет секогаш ја поддржуваме Општина во нејзините напори со нашето знаење, со нашите информации и денеска ќе дискутираме на таа тема околу праведната транзиција, енергетската ефикасност. Користа од енергетската ефикасност се заштеда на пари, еден ланец на заштеди се намалува потрошувачката на енергија, се намалува загадувањето на околината, а и се намалува и финансискиот издаток за енергија“, рече проф.др.Игор Неделковски, ректор на битолскиот Универзитет“, изјави проф.др.Игор Неделковски, ректор на битолскиот универзитет.

Во името на госпоѓа Паула Пињо директор на праведна транзиција се обрати Вероник Маркс, лидер на тимот за праведна транзиција на Генералниот Директорат за Енергија при Европската Комисија ЕНЕР.Таа рече дека битолскиот регион ја има поддршката од ЕУ за транзицискиот процес. Кажа дека на Самитот во Берлин кој се одржа на 3-ти ноември и на кој учествувала и претседателката Фон дер Лајен била усвоена декларацијата за енергетска безбедност и зелена транзиција на Западен Балкан. Претседателката Фон дер Лајен ја истакна нашата цел, да ги приближиме партнерите од Западен Балкан што е можно побргу, а тоа го гледаме во тековните дискусии за проширување, како и во економскиот и инвестицискиот план кој носи 30 милијарди евра инвестиции за Западен Балкан, рече Вероник Маркс.

Преку видеообраќање присутните ги поздрави и градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

„Можам да констатирам дека покрај останатото и ситуацијата на војната во Украина диопринесе земјите да ги согледаат слабостите во нивните енергетски системи и од технички и од политички аспект и да ги забрзаат реформите поврзани со енергетскиот сектор. Во овај контекст се надевам дека денес е лесно да се разбере што значел и што во моментот значи битолскиот регион во државата. Со децении битолскиот регион најмногу преку производството на електрична енергија од јаглен од Термецентралата РЕК Битола претставува столб на економскиот раст и развој, социјалниот мир и независноста на државата во целина. Од друга страна и покрај придонесот изразен во многу милијарди евра, досегашното искуство покажува дека битолскиот регион за возврат нема добиено соодветен третман, надомест, додека последиците од тоа се големата миграција, загадувањето, здравствените последици и многу други. Енергетската транзиција е еден од најаголемите предизвици на човештвото денес и истиот е во линија со Зелениот договор на ЕУ кој има за цел да го подобрат квалитетот на животната средина, да обезбедат чист воздух и да ги намалат здравствените ризици на населението“, рече градоначаланикот Коњановски.

Професорот Нелсон Сомерфелд од Кралскиот институт од Шведска ја нагласи поддршката за Општина Битола и во врска со проектот со примерот на енергетска ефикснсот и обновливи извори на енергија во Клиничката Болница, и најави нова соработка за проекти поврзани со Битола.

Тркалезната маса се одржа во рамки на отворената Недела на енергетската ефикасност на Општина Битола.