ТЕРА

REKLAMA???

173 САНКЦИИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ

Денеска во времето од 10:00-15:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 173 возачи.

Од нив 98 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 75 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Од СВР Битола велат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.