Во присуство на пријателите, соработниците и секако љубителите на пишаниот збор викендов Книжарницата „Book’s House“ го одбележа својот прв роденден. Веќе една година ова книжевно катче на битолчани им нуди богата литература на книги за сечиј вкус. Водејќи се од мислата „Книгата вреди, само ако е прочитана“ и со многу труд и љубов сопственичката Јулијана Дeлев заедно со нејзиниот сопруг пред една година ја започнуваат нивната приказна.

„ Ние веќе 4 години работевме он лајн порачки на книги со достава до дома , и љубовта кон книгата се роди ова катче, со љубов , со труд, со голема поддршка од сопругот и на пријателите. Во „Book’s House“ нудиме исклучиво книги. Има различна литература, најмногу сме концентрирани на она што го издаваат издавачите се бетселерите, кои најмногу се бараат,“рече Јулија Делев.
„Ако рајот не е во тебе самиот никогаш нема да влезеш во него“ оваа мисла на големиот писател Достоевски е само една од многуте испишани на ѕидовите во новата читална, која ја отворија токму на роденденот. Место каде битолчани сега ќе можат да ја прочитаат и својата омилена книга.
„Освен книги сега имаме и читална новоотворена , секој може да дојде да не види да не посети . Планираме и да направиме и библиотека се надевам дека ќе се оствари можеби до следниот роденден“, рече Делев.
Роденденската прослава беше збогатена со програма и за млади и за возрасни. Најмладите ги израдува Дедо Мраз.

И уште едно изненадување за најмалите. Цртање на лице со нивните омилени ликови од бајките.
Возрасните пак имаа можност да поразговарат со дел од македонските автори.

Во Книжарницата „Book’s House“ изминатава година се промовираа околу десетина книги, а ја посетија голем број љубители на пишаниот збор, писатели и поети.
Ја прашававме Јулијана дали младите денес читат книги?
„Младите денес читаат задоволително. Сакаат да читаат и читаат доста на англиски“, рече таа.
Упати порака до сите граѓани:
„Да читаат, колку повеќе се чита, толку човекот е подобар“, рече Јулијана Делев.

Роденденската прослава заврши со нагрдна игра. Најсреќните како подарок добија книга.












