ТЕРА

REKLAMA???

РЕЦИТАЛ НА ВРШКОВА И КОСТОВ ВО ЊУЈОРК

Македонските музичари Владимир Костов и неговата долгогодишна соработничка Марија Вршкова, одржаа рецитал во Њујорк. Тоа беше воедно и премиерна изведба на дел од музиката од филмот “Мајки”.

„Прекрасен проект за прекрасната публика и одличната организација.Со уживање ги изведовме познатите филмски теми од македонски и американски филмови збогатени со видео инсерти. Концертот е дел од меѓународните проекти поддржани од Министерство за култура. Благодарност до Горазд Попоски за одличната организација“, напиша Костов на социјалните мрежи.

Претходно на 45.издание на Денови на македонска музика, Вршкова и Костов беа наградени со наградата „Георги Божиков“, која Сојузот  на композитори на Македонија ја доделува на музички уметници и ансамбли за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори во текот на една година.