ТЕРА

REKLAMA???

САНКЦИОНИРАНИ 36 ВОЗАЧИ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ

Во текот на изминатата вечер  (24/25.12.2022)во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирани и законски санкционирани се 36 возачи.Од нив 16 на територија на  Битола, 10 во Прилеп,5 Ресен 4 Демир Хисар,и 1 Македонски Брод  За време на контролата биле санкционирани и 29 останати прекршоци.

Од СВр Битола велат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила.