ТЕРА

REKLAMA???

МУЛТИМЕДИЈАЛЕН СПЕКТАКЛ ПРЕД ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

Од вечерва 29 декември од 19.00 чaсот па во следните ден 30 и 31 декември исто така од 19.00 часот пред Офицерскиот дом е мултимедијалниот спектакл кој „Зимската приказна“ го подготвуваше подолг период како изненадување на сите кои ја сакаат магијата на празниците.

Инспирирани од “Снежната кралица” на големиот Ханс Христијан Андерсен еден врвен креативен тим воден од сценографот Валентин Светозарев подготвува неверојатно визуелно уживање за кое долго ќе се зборува и ќе биде круна на 8 денови Зимска приказна.

Филмски амбиент на една од фасадите на офицерскиот дом, 3D мапинг по пример на светските метрополи за вакви празници, музиката компонирана специјално за овој проект, професионални актери, аматери актери, танчери и статисти, измешани со празничните мириси на цимет од новогодишните куќарки поставени околу сцената се само некои од посебностите на овој проект.

Мултимедијален спектакл за деца и возрасни ,, ЗИМСКА ПРИКАЗНА“ адаптација на приказната „Снежната кралица„ на Ханс Кристијан Андерсен.