Вонредната состојба е прогласена во северозападниот дел на Австралија, по поплавите предизвикани од силниот дожд.

Австралискиот премиер вчера изјави дека неговата Влада е подготвена да обезбеди помош за жителите на државата Западна Австралија погодени од рекордни поплави.

Тропскиот циклон Ели донесе силен дожд во западниот дел на континентот. Во најтешко погодените региони намирници беа доставени со хеликоптери поради надојдената вода.

Националните одбранбени сили им помагаат на жителите погодени од поплавите и користат хеликоптери за нивна евакуација.













