ТЕРА

REKLAMA???

ПЕСНАТА „РОМАНИ“ НА ДНК СО 100.000 ПРЕГЛЕДИ НА YOUTUBE

Песната на ДНК, со наслов „Романи”, со која дечките го заокружија последниот студиски материјал „Дваесет”, заокружи бројка од 100.000 јутјуб прегледи. 

„Убава љубовна тема. Метафорична приказна, несекојдневен спој и песна со неочекуван рефрен, нешто што ете го чувавме како последнo парче од приказната наречена „Дваесет”, албум што значи заокружување на овој наш 20-годишен јубилеј”, велат Панчо и Андреј.

Видеото за „Романи” е снимено во Турција и е со потписот на Даниел Јовески, во кадрите, кои ја следат приказната од текстот, освен Панчо и Андреј се појавува и моделот Ана Парлапанова.

На албумот уште се и темите „Кога би знаела сѐ”, „Ромео и Јулија”, „Ние”, „Македонија на Европско” и други. Токму со промоција на албумот 20 ДНК одбележаа 20 годишен јубилеј со голем концерт во Скопје.