ТЕРА

REKLAMA???

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ГРЧКАТА АМБАСАДОРКА

Лидерото на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски информираше дека вчера заедно со секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, оствариа средба со амбасадорката на Република Грција во Македонија, Софија Филипиду.

„Истакнав дека евроинтеграциите на Македонија мора да бидат врз основа на мерливи Копенхашки критериуми, а не врз основа на понатамошни поткопувања на македонскиот идентитет.

Во врска со уставните измени, потенцирав дека никој нема добиено мандат на избори за истите и дека ВМРО-ДПМНЕ, но и мнозинството граѓани се против и дека уставните измени се уцена која не и дава на Македонија никакви гаранции дека нема да има нови блокади во иднина.

Нагласив дека за излез од ситуација потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“ вели Мицкоски.